| четврток, 6 декември 2018 |

Жељко сака да купи куќа во Охрид: Ако некогаш имам можност да купам апартман за да престојувам во лето, би бил многу среќен!

На 11 ноември, Жељко Јоксимовиќ повторно доаѓа во Македонија на голем концерт, но како што вели нема да биде тоа свинг музика, како што беше во МНТ. Ќе има изненадувања за публиката, ќе има гости, негови пријатели-пејачи и многу добра музика. Неговиот престој во Скопје го искористивме да поразговараме за концертите, работата, напорот, снимање филм, поезија…

Беше кум на Водици во Охрид и се вљуби во градот…Жељко сака да купи куќа во Охрид.

Ќе ве вратам наназад три-четири години. Настапувавте во Штип на „Пастрмајлијада“ и тогаш направивме интервју во кое изјавивте дека многу го сакате Охрид и дека имате намера да купите куќа таму. Дали сеуште стоите на таа идеја? До каде е реализацијата на тој план?

-Јас бев кум во Охрид на Водици и ми беше голема чест. Оттогаш сите кога ќе ме сретнат на улица во Охрид ми велат: „Здраво куме“ и тоа ми е најголемо богатство. Ако некогаш имам можност и сретства да купам некој апартман за да престојувам во текот на летото да се одморам, би бил многу среќен. Но, повеќе од се ми значи тоа што луѓето кога ќе ме сретнат се срдечни. Ми се чини како да се познавам со сите. Тоа е мала средина и кога шетате низ чаршијата сите те поздравуваат, па и ти поздравуваш. И тоа ми е некако супер. Тоа го нема во Белград. Во Белград ретко излегувам пеш и ако некој ме поздрави и јас отпоздравувам, но во Белград владее големо отуѓување. Тоа е многу брз град, мора да седнеш во автомобил за да стигнеш на едно место, а ако треба да одиш до друго место веќе ќе задоцниш. Охрид и Скопје…тие некои поинакви места. Овде има поголема приватност и јас во таа смисла сум мошне среќен кога ќе дојдам овде.

 

Целото интервју ќе го читате на донеот на концертот

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top