| четврток, 6 декември 2018 |

Заводникот од серијата „Озборувачка“ обвинет за силување: Кога се разбудив, тој веќе беше врз мене

Младата актерка Кристин Коен од Лод Анџелес го обвини Ед Вествик, кој глумеше еден од главните ликови во популарната серија „Озборувачка“ (Gossip Girl), дека ја силувал.

Таа вели дека актерот ја силувал пред три години, кога првпат го запознала во неговиот дом во кој го посетила со нејзиниот тогашен партнер. Младата актерка напиша на „Фејсбук“ дека Вествик прво сугерирал тие да имаат секс во тројка. Кристина му предложила на својот партнер, инаку продуцент во Холивуд, да си заминат, но тој ѝ рекол да останат уште 20 минути за да не бидат непристојни. Тогаш Коен рекла дека е многу уморна по што Вествик ѝ предложил да оди во една од собите и да се одмори.

– Наеднаш се разбудив кога видов дека Ед е врз мене, а неговите прсти влегуваат во моето тело. Му реков да престане, но тој беше силен. Се борев со него колку што можев, а тогаш ме фати со рацете за лицето и ми рече дека сака да има секс со мене. Се вџашив, бев исплашена. Не можев да зборувам, не можев да се поместам. Ме совлада и ме силуваше“, напишала Коен на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top