| четврток, 6 декември 2018 |

Вработените од металуршкиот гигант ФЕНИ излегоа на штрајк

Според информациите кои ги добивме голготата низ која поминувале вработените во металруршката компанија Фени се уште продолжува. Вработените во Фени Индустри денес започнаа со масовен штрајк пред фабриката се до прифаќање на нивните барања.

Кочо Анѓушев во неколку наврати известуваа дека се работи на пронаоѓање на решение за проблемот. Но кавадарчани се крајно револтирани поради лажниот и манупулативен однос од висок претставник на Владата на СДСМ.
Имено, Синдикатот на „Фени“ во неколку наврати истакна дека не прифаќа стечај и најави дека со штрајкови ќе ги блокира и судот и банките ако дојде до тоа.

Но, поради тоа што никој не ги сфати доволно сериозно и Владата на Зоран Заев не сака да им го реши проблемот со кои што се наоѓаат повеќе од 1000 вработени, вработените кажаа дека нема да престанат да штрајкуваат се додека некој не ги слушне нивните проблеми.

Во Фени имал висок степен на криминал од вработени, па поради тоа МВР поднела три кривични пријави, но сепак до сега од никој не е земена изјава или одговорност за условите и начинот на кој што функционирала оваа голема корпорација.

Животната егзистенција на вработените во Фени е загрозена, некои од нив немаат земено две плати, а според она што го пишуваа медиумите Фени должи над 40 милиони евра и на транспортерите кои што соработуваат со Фени Индустри, односно превезувале руда до јужниот сосед.

Назначениот стечаен управник Мирослав Анастасиев од Основниот суд Велес Мирослав Анастасиев е близок партиски човек до Зоран Заев. Минатата година за време на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11-ти декември Мирослав Анастасиев ја финансирал кампањата на СДСМ и донирал 123.000,00 денари.

Имено, Синдикатот на „Фени“ во неколку наврати истакна дека не прифаќа стечај и најави дека со штрајкови ќе ги блокира и судот и банките ако дојде до тоа.

Помеѓу кавадарчани кружат муабети дека судбината на Фени е во рацете на Кочо Анѓушев, потпретседател во владата на Зоран Заев задолжен за економски прашања. Имено, Анѓушев сакал да го купи Фени за малку пари како што пристигнаа информациите, па поради тоа не можеле никако да се договорат со Бугарската компанија Енекод.
Сета постапка започна откако извршителите ја блокирале сметката на „Фени“ поради долг за неисплатена електрична енергија ЕДС. Кратко потсетување за читателите, со струја ФЕНИ се снабдува од компанијата ЕДС, која е во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top