Во Македонија лани имало 2.235. 460 активни линии на мобилна телефонија, стои во извештајот на Агенцијата за електронски комуникации. Тоа е за еден процент повеќе од претходната година. Од овој број, преку 61 преоцент се припејд-броеви. За разлика, фиксната телефонија бележи пад од 3,25 проценти, односно активни биле 408.308 телефонски линии.
Во однос на интернетот, без мобилниот интернет, бројот на косисници во однос на 2011 пораснал за над 10 проценти. Раст на мобилниот интернет, односно за 2Г и 3Г, ројот на корисници е зголемен за 35,44 проценти.
Сепак, комплетниот приход на пазарот на електронски комуникации лани бил 22,5 милијарди денари што е за намалување за повеќе од 5 проценти.
Според АЕК, лани пораснал и бројот на ТВ услуги, односно за над 10 проценти имало поголем број корисници во 2012 споредено со 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Регулаторите на Македонија и Бугарија разговараа за поевтинување на роамингот
-
Начев: Законот за следење на комуникациите отвора простор за можна злоупотреба
-
Во АЕК граѓаните се жалат на високи сметки, мобилна телефонија и интернет
-
АЕК: Два виртуелни оператора заинтересирани за влез на македонскиот пазар