Долгот на албанската влада изнесува 2,28 милијарди евра и е повисок за 2,4 проценти во споредба со крајот на 2012 година. Во растот на надворешниот долг големо влијание има приватниот сектор, односно кредитите земени надвор од земјата од странски компании.
– Долгорочниот надворешен долг на Албанија изнесува околу 3,5 милијарди евра. Само во текот на првите три месеци од годинава, Владата се задолжи во странство со 570 милиони евра за секторите енергетика, урбана и рурална инфраструктура, водовод и канализација, здравството, за животната средина и за развој на приватниот сектор – стои во извештајот на Банката.
Она што особено паѓа в очи е фактот што Владата, за разлика од минатата, оваа година не зела кредит за образованието, а веќе две години не се задолжила за земјоделството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Надворешниот долг за шест месеци пораснал за речиси милијарда евра
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија