| четврток, 6 декември 2018 |

ФФМ донира опрема на третолигашитe

Фудбалската федерација на Македонија им додели спортска опрема и топки на 71 клуб од шесте региони во Третите лиги. Оваа акција е продолжување на снабдувањето на македонските фудбалски екипи со опрема која ќе им се олеснат тренинзите и настапите во првенствата.

– Сите наши клубови заслужуваат соодветно внимание и поддршка, токму затоа ни е драго што Фудбалската федерација на Македонија преку донација на опрема и фудбалски топки им дава поддршка на клубовите од Третите лиги во шесте региони во државата. За тимовите, посебно тие кои се натпреваруваат во понизок ранг, е значајно кога има некој што може да им помогне. ФФМ секогаш ќе биде на нивна страна, изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Минатата недела ФФМ согласно одлуката на Управниот одбор и потпишаната согласност од клубовите од Прва МФЛ донираше опрема (спортска опрема, реквизити, фудбалски топки) од средствата добиени од Шампионската лига наменети за развој на младинскиот фудбал во клубовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top