Едно лице загинало во една од вкупно 13 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири полесно биле повредени пет лица, а во осум причинета е материјална штета.
Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Педесет и еден возач се движеле со брзина поголема од дозволената, едно лице било исклучено од сообраќај поради управување на возило под дејство на алкохол, четири лица пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и шест лица со истечена важност на сообраќајната дозвола.
Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин и шест возачи поради неправилно престројување. Затекнати биле 93 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 82 возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Едно лице потешко, три полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Девет сообракајќи во Скопје, четворица полесно повредени
-
Четири лица тешко повредени во 14 сообраќајки вчера во Скопје
-
Минатата година 155 животи згаснале на сообраќајниците низ Македонија, најмногу сообраќајки за време на викендот