Тоа што е важно е дека има позитивни знаци во изминативе недели, дека има дијалог, дека политичарите од двете страни се среќаваат и разговараат за проблемите и постепено можеби се доближуваат до решение, вели, меѓу другото, германската амбасадорка Гудрун Штајнакер во неделното интервју на Радио Слободна Европа, прашана за германскиот став дали Македонија треба да ги почне преговорите за членство во ЕУ, па потоа да го решава спорот околу името.
Прашана кои се тие позитивни знаци бидејќи властите и во Атина и во Скопје молчат, амбасадорката Штајнакер прво се повикува на своите сетила, па додава дека тоа е деликатна тема за која можеби е подобро да се зборува зад завесите, а во јавноста да се излегува само кога ќе се има да се каже нешто конкретно:
– Јас можам да ви кажам само што чувствувам затоа што ни јас не знам, јас не сум информирана за ниту еден детаљ за овие преговори од страна на господинот Нимиц и можеби треба да ги прашате европолитичарите. И на некое ниво јас разбирам дека има дилема дали да се зборува многу отворено во јавноста за тоа. Тоа е деликатна тема, долготраен проблем, и можеби е подобро да се биде многу потивок и да се зборува зад завесите и кога ќе биде има да се каже нешто конкретно тогаш да се излезе надвор со тоа. Ја разбирам колебливата позиција на политичарите од двете страни да зборуваат отворено за содржината на овие разговори, додава германската амбасадорка во Македонија во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција