| четврток, 6 декември 2018 |

Се укинуваат патарините во Грција, возачите ќе плаќаат според минатата километража

Грчкиот министер за транспорт Христос Спирцис најави дека до крајот на годината ќе почне воведување на новиот систем на наплата на патарини, при што ќе се укинат наплатните пунктови.

Според планот, патниците ќе ја плаќаат патарината преку мобилен телефон или специјални апарати, а износот што ќе се плаќа ќе зависи од поминатата километража.

Првично, системот ќе се воведе на автопатот Егнација во правец исток – запад, а потоа ќе се воведува и на другите патишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top