| четврток, 6 декември 2018 |

Чешкиот премиер поднесе оставка

necas

Чешкиот премиер Петр Нечас соопшти дека денеска ќе поднесе оставка под притисок на јавноста како резултат на аферата со корупција и шпионажа во неговиот кабинет, во што е вмешана неговата најблиска соработничка.

Одлуката, Нечас ја соопшти по состанокот на неговата партија, притоа додавајќи дека партијата ќе се обиде со друг мандатар повторно да формира влада.

Во аферата се обвинети уште двајца генерали, како и актуелниот и бившиот шеф на воената разузнавачка служба. Десната рака на Нечас, и според полицијата негова љубовница, Јана Наѓова се товари дека ја злоупотребила службената положба со вработување функционери на добро платени позиции и дека побарала од военото разузнавање да ја следи сопругата на премиерот, од која Нечас се разведе пред неколку дена по 27 години брак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top