| четврток, 6 декември 2018 |

Се шушка дека таа го предизвика разводот на Раста и Ана-ова е нејзината страна на приказната!

Со оглед на тоа дека Ана Николиќ ја потврди веста за разводот, но не сакаше да влегува во останатите детали, јавноста остана без одговор што точно го предизвикало разводот.

Имено се шушка дека причината за разводот е раперовата поранешна девојка, која е ангажирана во снимањето на новиот спот за песната која Раста ја сними со Љупка Стевиќ.

Иако двајцата ги видела на сетот, Љупка искрено одговорила дека не е упатена во целата приказна, односно дека никого не може да почести со сочни детали.

-Јас немам што да коментирам. Приватниот живот на Стефан не ме интересира. Имаме песна која ја направивме заедно и која треба да излезе за неколку дена. Не знам што се случило со нив и не ме интересира. Нашиот дует излегува за неколку дена и верувам дека ќе помине добро кај публиката-изјавила Љупка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top