| четврток, 6 декември 2018 |

Проблем околу половина милион евра-испливаа нови компликации меѓу Ана и Раста!

Иако веќе неколку дена наназад се нагаѓаше за разводот на Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста, многумина не беа склони да поверуваат во овие приказни, се додека самата пејачка не ги потврди спорните наводи.

-Тара има најдобар татко на светот, кого јас го сакав најмногу на светот!Едно семејство се распаѓа. Немојте да бидете толку злобни и сурови!Од мене никогаш нема да слушнете грд збор, како што и нема да дозволам некому да каже грд збор за мојот поранешен маж. Ова е мојот најголем животен пораз и многу ми е тешко-била искрена Ана на социјалните мрежи.

Сега кога е потврдено дека бракоразводната парница е во тек, многумина се прашуваат дали Ана и Раста ќе имаат проблем околу поделба на имотот, со оглед на тоа дека во брак беа само 15 месеци, па немаа многу време да стекнат заеднички имот.Сепак тоа е далеку од вистината, бидејќи како што пренесуваат медиумите тие започнале градба на заедничка вила од 500 метри квадратни, во вредност од половина милион евра. Се претпоставува дека таа ќе биде најголемиот проблем во судскиот спор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top