Ѕвездата на серијата „Добра сопруга“, Џулијана Маргулис го обвини актерот Стивен Сигал дека се обидел да ја силува, објави „Дејли Мејл“.
Според лондонскиот весниок, 51-годишната Маргулис тврди дека овој напад се случил при нивната прва средба во 80-те години на минатиот век.
– Имав 23 година. Доцна навечер ме повика мојата агенткка и ми рече дека Сигал сака да одам кај него во хотелот за да вежбаме сцени, изјави Маргулис.
Актерката тврди дека на агентаката и рекла оти нема пари за такси и дека и е страв да оди со метро, на што таа и одговорила дека Сигал ќе и го плати таксито.
– Кога стигнав, тој се погрижи да видам дека има пиштол, по што ми рече дека е шаман и исцелител и дека сака да ме измасира. Почнав да врискам и едвај се извлеков од ситуацијата, додаде Маргулис.
Таа трвди и дека имала непријатно искуство и со продуцентот Харви Вајнстин, кого деновите стотина жени го обвинија за сексуалсно вознемирување и малтретирање.
Според Маргулис, Вајнстин во 1994 година ја пречекал во хотелска соба со запалени свеќи и само по бањарка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.