Близнаците Камерон и Тајлер Винклвос би можеле да бидат најбогати познати личности кога се работи за вложување во биткоинот.
Нивната заработка од вложувањето во оваа виртулена валута достигнала износ од преку милијарда долари.
Потсетуваме дека браќата први дојдоа под лупа на јавноста после правниот спор со Марк Закерберг поради наводна кражба на нивниот првичен концепт за социјалната мрежа Фејсбук.
Овие денови во јавноста се појави информација дека близнаците ја заработиле својата прва милијарда долари, откако оваа криптовалута достигна пазарна вредност од 100 милијарди долари.
Тврдат дека за биткоинот дознале уште во 2012 година, а веќе наредната година објавиле дека купиле еден процент од вкупната понуда (или 20.000 BTC) во тоа време.
Кон крајот на 2013 година близнаците во едно интервју соопштиле дека не продале ниту една од своите парички и дека ги држат своите крипто паричниви на USB во различни сефови ширум светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.