| четврток, 6 декември 2018 |

Кадија го тужи, кадија го суди: Без да го повикаат на рочиште Апелација и СЈО донеле пресуда во случајот на Јанакиевски

Преседан во македонското судство се случи вчера кога судот без присуство на екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и неговата одбрана одржа рочиште во неговиот случај кој го води Специјалното јавно обвинителство.

Без воопшто да да ги повикаат и Јанакиевски и неговиот адвокат Елинчо Миланов, судиите од Апелација заедно од СЈО си одржале рочиште и си донеле одлука. Јанакиевски не бил ниту информиран дека ќе има рочиште во неговиот случај, ниту пак бил уредно повикан на суд.

На рочиштето Апелацискиот суд Скопје ги прифати жалбите на  СЈО против решението на Кривичен суд, со кое се забранува користењето на „бомбите“ како доказ во случаите „ТНТ“ и „Топлик.

Од судот се оправдуваат дека до Јанакиевски не била доставена покана затоа што тој не бил во неговиот дом и не можел да ја добие, сепак, според адвокатот на екс министерот, Елинчо Миланов, ова не е оправдување.

– Тоа не може да биде оправдување, затоа што Јанакиевски има превентивна мерка и секој петок се јавува во судот така што чудно е што не можел да биде пронајден. Ќе побараме предлог за враќање во претходна состојба за да биде одржана седницата во негово присуство, вели Миланов во изјава за Република.

Со таквиот чин на Јанакиевски директно му било оневзоможено да се произнесе за случајот и грубо му беше повредено правото на одбрана загарантирано за секој граѓанин на Република Македонија. Според правните експерти со ова се супсендира и законот и Уставот на Република Македонија и уште еднаш се покажува дека наместо правен, се води политички процес.

Принципот за еднаквост е основен елемент на правото на правично судење во смисла на чл.6 од Европкста конвеција за човекови права. На секоја странка во постапката мора да и биде дадена можност да го презентира својот предмет , под услови што не го ставаат во понеповолна положба во однос на неговиот противник.

Во основните права на обвинетиот е регулирано дека обвинетиот мора да има доволно време и можности за подготвување на својата одбрана, а особено да му бидат доставени доказите против него и оние во негова корист. Во основните права на обвинетиот е регулирано дека истиот мора да има можност да се произнесе за фактите и доказите кои го товарат како и за оние кои му одат во прилог. Одбраната не смее да биде лишена од можноста да изнесе аргументи под истите услови како и обвинителството.

Адвокатот на Јанакиевки, Елинчо Миланов, во изјава за „Република“ ја коментира и пресудата, за која вели е апсурдна затоа што во претходни случаи, од истиут суд, прислушуваните разговори беа одбиени како доказ во постапката.

– Проблемот е што има спротиставени пресуди од судот. Во едни случаи пресудите се дека прислушуваните разговори не може да се користат како доказ а во нашиот случај пресудата е дека разговорите може да се користат како доказ. И двете пресуди се правосилни со право на жалба, но во првиот случај жалбата е одбиена. – вели Миланов.

Миланов додава дека ќе се поднесе и преставка до Советот за утврдување на фактите, кој ќе треба исто така да ја преиспита оваа одлука на апелација.

Во меѓу време, со писмо до јавноста излезе и Јанакиевски кој смета дека ова е класична политичка дискриминација од страна на судот.

-Скандалозно тврдејќи дека за мене и моето семејство не може да важат одредбите од Европската конвенција за човекови права, Уставот и законите во Република Македонија кои го штитат правото на приватност и семеен живот само затоа што сум бил министер и вршев функција преку која со мојот тим оставив бројни мерливи и видливи проекти зад себе, СЈО направи уште една повреда на моите права како граѓанин вршејќи политичка дискриминација врз мене, пишува Јанакиески.

Тој во писмото реагира и што Апелацискиот суд одлучувал за жалбата на СЈО без негово присуство. Исто така, претпоставува дека Специјалното јавно обвинителство поседува дури 100.000 разговори од него и неговата сопруга.

-Иако од нив никогаш не сум добил официјално известување колкав е обемот на материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации за кои тврдат дека се мои, по моја слободна проценка врз основа на јавно објавените податоци од СЈО, најверојатно се работи за над 100.000 разговори во кои спаѓаат и разговори на мојата сопруга, која го користи еден од телефонските броеви за кои СЈО вели дека биле незаконски прислушкувани. Би ги запрашал претставниците на СЈО, зарем не е повреда на правото на приватност и семеен живот прислушкувањето на моите и на разговорите на мојата сопруга, направено надвор од било каква законска процедура?, прашува поранешниот министер.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top