| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Јосип Куже

josip-kuze golemaЈосип Куже, прославениот фудбалски тренер на Динамо Загреб, денеска почина, во 62 година од животот. Тој ја загуби битката со тешката болест леукемија. За болеста дозна  на почетокот на оваа година, по што помина неколку месеци на боледување во болницата Меркур.

 Куже е роден во 1952 година во Врање, а за тимот на Динамо Загреб играше цела деценија, од 1971 до 1981 година, настапувајќи на 384 натпревари и постигнувајќи 14 голови.
Како тренер го водеше Динамо Загреб до титулата во сезоната 2005/06, но и многу други клубови како Загреб, Славен Белупо, Кроација од Сиднеј, Борац Бања Лука, Интер Запрешиќ, Ријека, Вартекс, Ерфурт, Кемницер, Мајнц, Гамба Осака…Од 2007 до 2008 година беше селектор на Руанда, потоа го презеде јапонскиот тим Џеф јунајтед, а од 2009 до 2011 година беше селектор на албанската фудбалска репрезентација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top