Утрово е ограбена експозитура на Халкбанка во населбата Бутел 1 во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдиле дека грабежот се случил во 9.30 часот во експозитурата на улица „Бутелска“.
Го извршиле три непознати лица, маскирани и вооружени со пиштоли, кои одезеле одредена сума пари и го напуштиле местото. Во моментов се врши увид и е засилено полициското присуство.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.