Моќна експлозија одекна рано изутринава пред ноќен клуб во шведскиот град Малме и предизвика голема материјална штета.
Влезот на „Бабел“ клубот е целосно разурнат, и засега нема информации за евентуално повредени лица.
Очевидец на настанот напиша на Твитер дека пред ноќниот клуб одекнала бомба. „Неколку експлозии се слушнаа на местото на настанот“, напиша тој на Твитер.
Областа со часови беше блокирана, откако полицицајци и припадници на единицата за спречување и деактивирање бомби. Експлозијата се слушнала во поголемиот дел од градот.
– Во моментов не знаеме што ја предизвика експлозијата. Знаеме само дека предизвика голема материјална штета, изјави официјален полициски претставник.
Полицијата е во потрага по сведок од настанот кој би ги потврдил тврдењата дека бил забележан маж на мотор, како брзо заминува од пред клубот, непосредно пред експлозијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.