| четврток, 6 декември 2018 |

Доби чекан во глава: Храбар голорак службеник спречи грабеж на банка и ги избрка разбојниците

Храбриот служеникот од банката осуетил грабеж во Индија, иако напаѓачите го нападнале со чекан.

Обидот за грабеж се случил на 27. октомври и е снимен од безбедносните камери.

Снимките се споделени на социјалните мрежи, и покажуваат како Ран Синг, жител на Мадиа Прадеш, се бори со маскиран разбојник кој повеќе пати го удира со чекан.

Маската паднала во борбата со стражарот кој крвари од главата. И покрај напорите на стражарот ограбувачот успеал да побегне.

Во својата изјави Синг рече во полицијата дека меѓу 1 и 1:30 утрото дошле двајца мажи со капуљачи. Еден од нив чувал стража, а другиот влегол во банкомантот за да го обие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top