Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи смета дека разликите околу името со Грција ќе бидат решени наскоро.
Тој во емисијата „Патот кон“ на телевизијата Алсат-М, тврди и дека Македонија може да избегне референдум благодарение на решение кое би произлегло од промената на името на аеродромот „Александар Велики“ и на останатите стратешки точки кои досега Грција ги сметала за иредентистички.
– Ви гарантирам дека доколку продолжиме да ги реализираме реформите со оваа динамика, да го затвориме прашањето на името ќе добиеме уште поголема поддршка од граѓаните бидејќи граѓаните бараат – Македонија во НАТО и во ЕУ, изјави Османи.
Запрашан како ќе се затвори прашањето на името, и дали тоа ќе биде со референдум, вицепремиерот Османи рече дека локалните избори биле референдум.
– На овие избори ние го најавивме решавањето на името… Граѓаните ни ја дадоа пораката, вие сте храбри, имате јасна визија каде треба да ја водите државата во наредните години, посочи вицепремиерот Бујар Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.