| четврток, 6 декември 2018 |

Во Белград прогласена вонредна состојба: 700 полицајци на 2.000 албански навивачи

Натпреварот под висок ризик меѓу Партизан и Скендербег во Белград доведе до безмалку воведување вонредни мерки .

Пред стадионот на Партизан се поставени неколку прстени со полициски коридори , а без лична карта и влезница не смее никој да се приближи . над 700 полицајци се ангажирани да го обезбедуваат само натпреварот .

Вклучени се 96 безбедносни камери , поставени само за овој натревар меѓу Српскиот и Албанскиот тим за квалификации во Лига на Европа. Камерите може да го зумираат секој навивач и доколку има и најмал инцидент , веднаш ќе биде забележан и исфрлен од стадионот во рок од 5 минути .

Безбедносните мерки се воведени за да се избегне казна од УЕФА , како што му се случи на Скендербег , кога по натпреварот со Партизан во Елбасан беше казнет парично и со забрана да игра пред својата публика .

Во Белград се пристигнати најмалку 2 000 навивачи од Албанија .

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top