
Со солзавец и водени топови на анкарскиот плоштад Кизилеј полицијата се обидела да го прекине меморијалниот протест поради активист што бил фатално погоден во главата за време на протестите.
Демонстрантите ја чекале погребната поворка за Етем Сарисулук, 26-годишниот активист што беше погоден во главата за време на демонстрациите во Анкара на први јуни во знак на поддршка до истанбулскиот парк Гези. Иако две недели лекарите со апарати го оддржуваа во живот, Сарисулук беше прогласен за мртов поради престанување на функцијата на мозокот. Демонстрантите револтирани од сомнежот дека момчето загинало од куршум испукан од страна на полицаец, извикувале антивладини слогани, кога полицијата поддржана со возила влегла на плоштадот.
Според твитерџиите полицијата чекала погребната поворка да пристигне на местото на настанот, а потоа ја запрела. Турските весници пишуваат дека семејството на починатиот и заменикот на главната опозициска Републиканска народна партија се обиделе да преговараат со полицијата да ѝ дозволи на поворката да продолжи, но не им било дозволено да влезат на плоштадот. Им било кажано да се вратат од каде што дошле и тие морале да си одат.

По многуте барања на полицијата до демонстрантите да го напуштат плоштадот, таа ги нападнала со солзавец и вода под висок притисок. Рацијата била поддржувана со оклопни полициски возила.
Канцеларијата на гувернерот на Анкара денеска соопшти дека од 16 јуни се забранети какви било демонстрации во центарот на градот и им се закани на демонстрантите со непосредна интервенција на полицијата и на обвинителството во судот.Инаку, безбедносните сили ќе ги прекинат собирите и против организаторите на овие акции и против нивните учесници ќе бидат применети законодавни мерки“, се вели во изјавата на веб-страницата на канцеларијата на гувернерот.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


