Атмосферата околу претседателските избори во Русија, кои се одржуваат во март наредната година, секој ден станува се пожешка, посебно откако се појави информацијата дека во трката влегуваат две дами, Ксенија Собчак и Екатерина Гордон.
Актуелниот претседател Владимир Путин се уште се нема изјаснето дали ќе се кандидира на изборите, но малку кој верува дека тој нема да сака да продолжи да управува со државата.
Покрај најавата на Путиновиот најголем критичар Алексеј Навални, неодамна и две жени објавија кандидатури за претседател на Русија, едната е водителка, другата е новинарка.
-Имам 36 години, а кога Путин дошол на власт, имав 18 години. Оние кои тогаш се родиле, сега првпат ќе излезат на избори. Па нема ваљда мојот син кој сега има 1 година за 18 години да оди на избори на кои Путин повторно ќе биде кандидат-изјавила Ксенија Собчек, ќерка на некогашниот негов соработник Анатолиј Собчек.
Ксенија себеси се прогласи за кандидатка на оние кои се против сите.
Новинарката пак Екатерина Гордон рекла дека влегува во претседателската трка бидејќи сака изборите да ги искористи како кампања за правата на самохраните мајки и деца.
Според нејзините зборови таа никогаш не гласала, но разочарана е од либералната опозиција и прокремљските политичари
Гордон не е членка на партија и ќе и бидат потребни 300.000 потписи како би била кандидат за претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.