По завршетокот на конститутивната седница на Советот на општина Охрид , во дворот на општинската зграда дошло до помала физичка пресметка. Неофицијално во неа учестувал еден од советниците и друго лице активист и член на СДСМ Охрид.
Полицијата пристигнала на лице место и во моментов врши увид.
Се очекува СВР да излезе со официјални информации.
Инцидентот е снимен на сигурносните камери поставени на објектот на општина Охрид , а полицијата ќе ги преземи видео материјалите – дознава Охрид1 од извори во истрагата.
извор: Охрид 1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.