Eкспертската комисија која треба да ги расчисти случувањата од 24 декември кога се случија низа инциденти и немили настани помеѓу пратениците пред и во Собранието ќе ги разгледа сите снимки од собранието од клучниот ден. Според првиот човек на Комисијата, Борче Давитковски ќе се побараат и мислења и додатни снимки од инволвираните партии.
„Дефинитивно сите методи ќе ги користиме, ќе земем стенограми, ќе ги користиме официјалните видео снимки од Собранието, но и видео снимките од политичките партии, тие сигурно ќе достават свое видување, затоа и им дадовме 4-5 дена, во вид на извештај да го дадат своето видување за настаните, па едноставно да ги споредиме. Во секој случај ќе земеме изјави од претседателот на Собранието, на раководителите на пратеничките групи, од новинари, шефови на обезбедување. Се’ она што е во функција да се утврди вистината, да се откријат фактите, сепак сме ние експертска комисија, ние мора да ги утврдиме фактите. Сето тоа ќе иде предмет на опсервација“, изјави Давитковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изборот на составот на ДИК и референдумот неизвесни?
-
Комисијата за конкурсот „Млади поети“ на АМС се оградува од содржината во збирката
-
Планинарската федерација формира комисија, ќе го испитува инцидентот во кој загинаа двајцата планинари
-
Алфа: Чепреганов, Ѓорѓиев, Тодоров, Стојанов – дел од бугарско-македонската комисија за чешлање на нашата историја


