| четврток, 6 декември 2018 |

Трагадија на која предупредуваа: Се урнал тунел во нуклеарна база во Северна Кореја, загинале над 200 луѓе

Околу двеста лица загинале откако се случила несреќа во еден од објектите за нуклеарно тестирање во Северна Кореја, јавува британски Експрес. Несреќата се случила откако се срушил недовршен тунел во објектот Пангири, а уште лица загинале обидувајќи се да ги спасат  затрупаните.

Информацијата за катастрофата прва ја објавила јапонската телевизија Асахи, но не можеле да поврдат за точното време на нсреќата. Пангири е местото каде што се случила нуклеарната проба на 3 септември, но се уште не е познато што довело до колапс на тунелот.

Голем борј на стручњаци предупредуваа на овие последици од нуклеарните активности на С. Кореа, а од Јужна Кореа пред асамо неколку дена излегоа со тврдења дека уште еден нуклеарен тест на тоа место може да доведе до целосно рушење на планинскиот комплекс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top