Никола Јечменица (14) од Слатина кај Чачак го спасил својот другар од одделението Марко Чурчиќ кој почнал да гори додека се подготвувале за логорски оган покрај реката.
Пламенот одеднаш се проширил околу логорскиот куп гранки и ги зафатил двете нозе на Марко, кој почнал да вика и трча, верувајќи дека тоа ќе му помогне.
На 30 април во девет часот навечер учениците од ОУ „Бранислав Петровиќ“ од Слатина кај Чачак, вкупно дваесет и пет се собрале покрај реката на логорски оган. Кога Марко почнал да гори сите почнале да врескаат и бегаат, а само едно од момчињата тргнало накај него, тоа бил другарот Никола Јечменица (14).
-Никола ми скокна на грб, ме турна на земја и го изгази огнот, раскажува Марко седејќи во завои во својот дом во Мршинци.
-Бев на неколку чекори од Марко, но по десет метри успеав да го стигнам да го турнам на земја и да го изгасам огнот со раце. Мене огнот не ме изгоре, вели храбриот Никола.
Тие се одлични ученици и другари, а најверојатно така и ќе остане. Чекајќи мајка му на Марко да ги послужи со торта, двајцата заедно раскажуваат што всушност се случило таа вечер под Јелиќ.
Едно од момчињата носело шише со бензин за логорскиот оган. Невнимателно замавнал со шишето над пламенот кој веднаш се разгорел, а уплашеното момче неконтролирано го фрлило шишето. Тоа паднало под нозете на Марко и во истиот момент пламенот почнал да се шири по неговите ногавици.
Директорот на ОУ во Слатина, Лазар Чукириз, вели дека наставничкиот совет го пофалил подвигот на Никола.
-Горди сме на пожртвуваниот однос и другарството меѓу двајцата ученици, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


