| четврток, 6 декември 2018 |

Кинеските ефтини „умни“ телефони ќе го урнат Епл

Развојот на ултра ефтини умни телефони чија цена може да падне и на само околу 50 Евра на среден рок може да го урне бизнисот на Епл во Кина кој е најголемиот светски пазар за мобилни телефони.

Со Iphone кој што чини една просечна плата во Кина ефтините мобилни телефони произведени од локални кинески производители стануваат екстра популарни. Нивната цена која се движи околу 1000 јуани или 150 американски долари е доволно конкурентна за преземање на околу 40 насто од пазарот на најбројната земја на светот според истражувачката агенција Гартнер.

Иако сеуште недоволно развиени и со технички и софтверски проблеми овие ефтини телефони кој најчесто работат на оперативниот систем Андроид можат да се користат за интернет пребарување на ист начин како и ривалските телефони. Разликата е само во цената која е 10 пати пониска од познатите мобилни супер брендови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top