Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, иако сѐ уште нема добиено мандат за градоначалник на општината и не е извршено примопредавање на функцијата – денеска упаднал во општинската зграда и почнал да држи состаници со вработените, јавуваат извори од општина Шуто Оризари.
Кандидатот на СДСМ за Шута, во вториот круг на локалните избори победи со 1603 гласови разлика пред кандидатот на Сојузот на ромите на Македонија, Елвис Бајрам.
И покрај победата, законската регулатива вели дека победникот на изборите станува градоначалник откако ќе помине рокот за поднесување на приговори до ДИК и откако ќе биде извршено официјално примопредавање на функцијата од претходниот градоначалник. Доколку има приговори, треба да се почека тие да бидат разгледани од ДИК, па дури после тоа градоначалникот стапува на функција. Доколку тие се усвојат, можно е и да има прегласување во спорните избирачки места каде што се поништуваат изборите.
И покрај тоа што никоја од овие постапки не е помината, денеска Дудуш си упаднал во општината и се прогласил за градоначалник.
Инаку изборите во скопската општина Шуто Оризари беа исполнети со низа на нерегуларности кои беа нотирани од партиските набљудувачи и набљудувачите од невладиниот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.