На 28.10.2017 околу 09:00 часот пријавено е дека во село Градец во семејната куќа на Ј.Ш. дошло до злоупотреба на избирачко право, информираат од МВР.
Злоупотребата се случила на тој начин што откако два члена од општинска изборна комисија Врапчиште дошле во наведената куќа со цел изнемоштеното лице Ѓ.Ш., да оствари право на глас и двајцата и зеле отисоци од прстот во регистарот на гласачи, а едниот од нив заокружил реден број на една политичка партија спротивно на волјата на гласачот.
При тоа, гласачко ливче го ставиле во плико и си заминале, иако од пријавителката им било укажано дека ќе бидат пријавени во полиција. Пријавителката посочила дека двете лица се од с.Градец.
За време на целиот настан во дневната соба била и ќерката на пријавителката која изјавила дека не видела ништо. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓорчев: Вчера ни се случија нерегуларни и насилнички избори, а за тоа има фото и видео докази
-
Регистрирани голем број на нерегуларности, повлечени набљудувачи
-
До 13 часот гласале 24 проценти од избирачите – ова е излезноста во сите општини
-
Забележани нови нерегуларности: Притисок врз гласачи во Новаци, делење поткуп во Могила