Член на избирачка комисија вчера при гласањето на вториот круг од Локалните избори во Кисела Вода го сликало гласачкото ливче на изнемоштено лице кое гласало во домашни услови.
Министерството за внатрешни работи денеска информира дека вчера во 12.17 часот во Полициска станица Кисела Вода се јавил претседателот на Општинската изборна комисија Кисела Вода и пријавил дека истиот ден околу 11 часот на улица „Јабланица“ кај лице кое е старо и изнемоштено и затоа гласало во својот дом во присуство на Избирачка комисија во состав од претседател и тројца членови, откако лицето гласало, еден член на комисијата го сликал неговото гласачко ливче.
Полицискиот Билтен соопшти и дека вчера во 13.15 часот претседател на Избирачки одбор на Избирачко место број 2.743 пријавил дека при разнесување на гласачките материјали на гласачко место лоцирано во Основно училиште „Невена ГеоргиеваДуња” од страна на претставник на политичка партија сликан е кочан со гласачки ливчиња (горна корица на кочан со број на гласачко место и сериски број на прво и последно гласачко ливче) со мобилен телефон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓорчев: Вчера ни се случија нерегуларни и насилнички избори, а за тоа има фото и видео докази
-
Регистрирани голем број на нерегуларности, повлечени набљудувачи
-
До 13 часот гласале 24 проценти од избирачите – ова е излезноста во сите општини
-
Забележани нови нерегуларности: Притисок врз гласачи во Новаци, делење поткуп во Могила