Вториот круг од локалните избори денеска се спроведува во 35 општини, на 1.517 избирачки места каде право на глас имаат 833.710 граѓани.
Втор круг ќе има во Боговиње, Брвеница, Бутел, Виница, Врапчиште, Гази Баба, Гостивар, Градско, Дебар, Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Долнени, Желино, Зрновци, Јегоновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Липково, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Сарај, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чаир, Чашка, Чешиново – Облешево, Штип и Шуто Оризари.
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се натпреваруваат во вториот круг во 19 општини, ДУИ и Алијансата за Албанците ќе се натпреваруваат во пет, ДУИ и БЕСА во седум, во една општина кандидат на група избирачи и на ВМРО-ДПМНЕ, во една ДУИ и СДСМ, во една СДСМ и Сојузот на Роми и во една ДПА и БЕСА.
Во скопските општини Бутел, Кисела Вода, Гази Баба, Сарај, Шуто Оризари и Чаир, право на глас имаат 260.194 граѓани, кои ќе гласаат на 387 избирачки места.
Во останатите 29 општини во Македонија во вториот круг можат да гласаат 573.616 граѓани на 1.130 избирачки места.
Во вториот круг учествуваат 70 кандидати за градоначалници.
Првиот круг од изборите се одржа на 15-ти октомври кога се избраа членовите на советите, градоначалник на Град Скопје и градоначалници на 45 општини.
Ова се шести локални избори во Македонија. Првите локални избори се одржаа во 1990 година, следните во 1996, во 2000, во 2005, во 2009 и последните во 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Директорите им станаа градоначалници, па вработените останаа без плата
-
Ѓорчев: Вчера ни се случија нерегуларни и насилнички избори, а за тоа има фото и видео докази
-
Регистрирани голем број на нерегуларности, повлечени набљудувачи
-
До 13 часот гласале 24 проценти од избирачите – ова е излезноста во сите општини