Министерството за внатрешни работи го фати и приведе лицето кое со месеци напаѓаше жени по струмичките улици. Станува збор за 21 годишно момче од радовишко Калугерица кое од февруари до октомври годинава во ноќните часови следел жени и ги напаѓал со цел да ги изврши полови дејствија. Полицијата деновиве во координирана акција успеала да го фати насилникот на лице место во реонот каде што најчесто дејствувал при што му поднесе кривична пријава „силување во обид“ информираа од СВР Струмица.
„На 26-ти октомври 2017 година околу 19 часот на ул. „Митo Хаџивасилев Јасмин“ во Струмица, во моментот на извршување на кривичното дело силување во обид истиот е фатен на лице место од страна на полициски службеник, по што веднаш е лишен од слобода и приведен во СВР-Струмица. На предлог на јавниот обвинител од Струмица од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена“, изјави Хризантема Рендевска – портпарол на СВР Струмица
Полицијата информираше дека момчето од радовишко Калугерица во овој шестмесечен период извршил неколку кривични дела. Инаку 21 А.М. оперирал по идентични улици во Струмица и секогаш мета му биле средовечни жени кои ги напаѓал од зад грб а за што реагираа жителите од улиците кај основното училиште Никола Вапцаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.