Дваесет и едногодишен радовишанец доби 30 дневен притвор, откако на лице место бил фатен од полицаец додека се обидувал да силува струмичанка.
Како што информираат од МВР, во полициската станица во Струмица било пријавено дека од почетокот на февруари па се до овој месец, во вечерните часови манијак ги напаѓал жените и се обидувал да ги силува.
На 26-ти овој месец, околу 19,00 часот на ул. “Мити Хаџи Василев Јасмин“ во Струмица, во моментот на извршување на кривичното дело А.М. е фатен на лице место од страна на полициски службеник, по што веднаш е лишен од слобода и приведен во СВР Струмица. На предлог на Јавниот обвинител од Струмица, од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека против А.М (21) од с.Калуѓерица, Радовиш, поднесена е кривична пријава поради постоење на основано соменение дека пријавениот сторил три кривични дела “силување во обид“ по чл. 186 а во врска со член 19 од КЗ на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ја приклештил до стаклото и допирал насекаде, додека другите гледале: Фатен манијакот кој напаствувал девојче!
-
Гостиварка нападната од манијак: Ја чекал да влезе во зграда за да ја силува
-
Манијак нападнал дете во влез во зграда, соседот ја спасил
-
Вознемирувачко видео: Снимен манијак како фаќа 11-годишно девојче (видео)