СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Скопје, на возраст од 17, 15 и 14 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“.
Како што информираат од МВР, на 08.10.2017 година околу 11:50 часот пријавените влегле во продавница на ул. „АСНОМ“ и со закана со нож од вработената побарале пари.
Кога од задниот дел излегол сопственикот, двајца од малолетниците избегале, а 15-годишникот бил задржан до доаѓањето на полициските службеници. Подоцна и останатите двајца малолетници биле обезбедени и со нив биле извршени службени разговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.