Светот конечно ќе може да се одмори од секојдневните објави за изгледот на бремената Ким Кардашијан затоа што според последните информации, планетарно познатата старлета веќе се породила!
Извори од болницата “Cedars-Sinai Medical Center”, пренесуваат дека познатата старлета Ким Кардашијан вчера го родила своето прво дете.
Еден месец порано од планираното, ќерката на Ким Кардашијан пристигнала на овој свет, а според зборовите на неименуваниот извор, и мајката и бебето се во добра здравствена состојба, иако пораѓањето се случува порано. Малечката Кардашијан е првото дете на старлетата и нејзиниот партнер, раперот Кение Вест.
Со раѓањето на ова дете светот конечно ќе може да стивне и од секојдневните објави на фотографии и коментари за “огромниот” изглед на Ким Кардашијан, нешто што ја одбележи и целата нејзина бременост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.