Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно, студено и ветровито со повремен локален дожд, особено во западните и југозападните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на исток каде на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Минималната температура ќе се движи од пет до 11, а дневната ќе опадне за околу 8 степени и ќе се движи од девет до 16 степени.
Во Скопје, претпладне времето ќе биде облачно со повремен дожд, а попладне променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од осум до 13 степени.
Во недела преку денот ќе биде суво и малку потопло, а кон крајот на денот и во текот на ноќта, се очекува значително заладување со засилен ветер и локални врнежи од дожд, а снег на планините. Потоа од вторник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.