Пехчево се подготвува за македонската Гуча, настан кој ќе се одржи на празникот Петровден, верски празник кој го слават пехчевци. Годинава македонскиот претставник на фестивалот кој е синонимот за трубата и лудата забава на Балканот, ќе се бира на Фестивалот на дувачки инструменти во Пехчево, објави Твстар.
На единствениот фестивал во Македонија посветен на традицијата на дувачките инструменти кој годинава по трет пат ќе се одржува во Пехчево, веќе се дефинираа критериумите. Од општина Пехчево вели дека прво наградените ќе добијат златна труба и дирекно учество на фестивалот во Гуча. Второнаградените ќе добијат кларинет, додека третонаградениот оркестар ќе добие тапан.
Фестивалот во Пехчево има долга традиција, но веќе три години е во организација на Општината со намера да се афирмираат дувачките оркестри, но и да се збогати туристичката понуда од оваа мала малешевска општина и во комбинација со природните раритети во летниот период да прерасне во атрактивна туристичка дестинација.
На Павловден, во трите фестиваски денови програмата ќе бидат збогатени и со традиционалниот саем на домашни ракотворби и традиционална храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



