| четврток, 6 декември 2018 |

Кланот се прошири во Охрид: Кумашинот на Заев стана општински секретар

Премиерот Зоран Заев си го поставил својот кумашин Игор Бежоски на функцијата Секретар на општина Охрид, дознава „Република“.

На оваа функција, која практично е втора по важност во општинската администрација по градоначалничката, кумашинот на Заев доаѓа од секторот за финансии во истата општина.

Бежоски бил назначен лично од новоизбраниот градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, Јован Стојаноски.

„Република“ се обиде да стапи во контакт со градоначалникот кој откако не одговараше на нашите телефонски повици преку СМС порака не извести дека е на службено патување, а за одговор на прашањето „Дали новиот секретар на општина Охрид е кумашин на Зоран Заев?“, не упати кон секторот за односи со јавноста во општина Охрид. Таму пак во текот на целиот ден не одговараат на телефонските повици.

Ова не е прв скандал во кој се наоѓаат роднините на премиерот Заев. Само неколку месеци по неговото седнување во премиерската фотеља, тие по цена на една гарсониера ја купија целата фабрика „Герас Цунев“.

Бонбона зделка за Заеви: По цена на една гарсониера ја лапнаа цела фабрика „Герас Цунев“

Кланот Заеви постојано ја користеше роднинската поврзаност со Зоран Заев и во времето кога тој владееше со Општина Струмица излегоа десетици скандали за делење на тендери во неговото семејство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top