| четврток, 6 декември 2018 |

Елена Ристеска: Никој не ми ја подметна „Лимон и текила“

– По сè што прочитав за мене и за новата песна на социјалните мрежи, да бев полабилна, ќе помислев на самоубиство. Јас сум 15 години на сцената. Го поминав ова и со ‘Нинанајна’ кога требаше да оди на Евросонг. И тогаш се крена фама, а песната имаше голем успех, плус е препеана на неколку јазици, вели македонската пејачка Елена Ристеска во интервју за Репортер.

Таа открила дека „Лимон и текила“ била по нарачка на руски менаџер. Не било планирано да се пушти во Македонија, но Елена инсистирала, сепак, првин да се промовира кај нас.

– Овде кај нас ми е како тест-нација. Сè што не поминало добро тука, поминало надвор. Фановите многу ме поддржаа, и колегите, а и новинарите. Никој не ми ја подметна песнава, јас работам со истиот тим 15 години и сама избирам што ќе пеам, вели поп-пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top