| четврток, 6 декември 2018 |

Касами: За 27 април знаеја и Заев и Ахмети, затоа Ахмети не беше во салата

Лидерот на БЕСА и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касими, во неговото синоќешно гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, откри дека лидерите на СДСМ и ДУИ, Али Ахмети и Зоран Заев, на 27 април знаеле дека граѓаните ќе упаднат во собранието и свесно оставиле сценариото да се реализира.

Jас нема да му простам на премиерот ако знаел. А, знаел зошто тој договорил со Ахмети да не биде во Собранието дента. Тој воопшто не ни кажа што се спрема, кажа Билал Касами , лидерот на движењето „Беса“ во гостување на Канал 5, во врска со случувањата во македонскиот парламент на 27 април, годинава.

-Ние кога завршиме, ни кажаа дека можеме да си одиме, и затоа се повлековме полека и си заминавме од Собранието. Во истиот момент тие држеа прес конференција, а во тој момент влегоа демонстрантите. Ние не знаевме што се случува надвор. Ако се гледа целата снимка, а мислам дека тоа е намерно монтирано, дури и специјалците не притрчаа зошто и тие не знаеа што се случува. Можеше да се избегне целата таа работа, се знаеше дека се собираат демонстратнтите околу 6, односно времето кога го избираа спикерот, вели Касами.

Според него, симптоматично е и тоа што Ахмети не бил во салата за време на изборорот на Талат Џафери, што значи дека имал информација што ќе се случува.

Тој посочи дека се изиграни од СДСМ. Вели дека „Беса“ дала потписи без никакви усови, но Зоран Заев го заборавил тоа и се здружи со Али Ахмети.

Според Касами, Зоран Заев требаше да биде доследен на неговите политики и затоа очекувањето на „Беса“ било дека ќе имало реформска влада за да се даде придонес за новите реформи, а не со сегашните министри на ДУИ, кои според Касами немаат ни „Р“ од реформите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top