| четврток, 6 декември 2018 |

Изјава на „духот“ на Мајкл Џексон, аргумент пред судот!?

џексонНе стивнуваат контроверзите за смртта на кралот на поп музиката Мајкл Џексон. Сега, неговиот дух, односно неговата порака по смртта е уважена за изјава на суд.

Додека трае судењето во кое семејството ја тужи промо-агенцијата АЕК заради немарноста на докторот Муреј која предизвикала смрт, директорот на компанијата Ренди Филипс „обзнани“ дека Мајкл по смртта комуницирал со поранешната сопруга на Лајонел Ричи.

Така, духот на Мајкл, како што е кажано на судењето, порачал дека докторот не е виновен, туку дека виновен е самиот Мајкл, односно дека се било случајност. Иако сите во судницата се смееле на изјавата на директорот, настанал молк кога судијката го уважила сведочењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top