| четврток, 6 декември 2018 |

За само 46 фунти добила лет во авион без ниту еден друг патник

Карон Грив од Шкотска платила 46 фунти за авионски билет до Грција, а за возврат добила лет со празен авион од 189 седишта. Шкотланѓанката патувала од Глазгов до Крит преку авиокомпанијата „Џет 2“, а кога го резрвирала летот и рекле дека на него ќе има само уште два патника, но тие и не се појавиле, па така таа со бесплатниот оброк добила и привилегија да го бира местото во авионот.

Пилотот пак, наместо вообичаеното обраќање до патниците и се обратил нејзе лично, со име и презиме.

– Екипажот ми приоѓаше и ми велеа да ги повикам ако ми затреба што и да било. Добив дури и и бесплатен оброк, одличен беше. Го имав сиот простор само за себе. Беше толку мирно… Се шегувавме на сметкка на тоа, изјави таа по летот.

Авионот се вратил од Крит во Глазгов полн. Сите 189 седишта биле зафатени. ­

– Драго ни е што Карон имаше ВИП услуга. Не е невообичаено последните летови во сезоната да имаат помалку резервации, соопштиле компанијата Џет 2. Карон инаку е писателка и на својот едномесечен одмор на Крит, работи на својот нов роман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top