На 25.10.2017 година во 07:15 часот на регионалниот пат Тетово – с.Волковија над каналот за наводнување кај с.Милетино-Тетово, се случила сообраќајна незгода.
Судирот бил помеѓу патничко возило „Сузуки Свифт“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Т.Ц.(58) од с.Волковија и патничко возило „Фолксваген Голф“ исто така со тетовски регистарски ознаки управувано од М.Ј.(24) од с.Теново, тетовско.
М.Ј. се здобил со телесни повреди и истиот по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи – Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.