| четврток, 6 декември 2018 |

По ЕРТ, нови затворања и отпуштања во Грција

ertПо 2600-те отпуштени од ЕРТ, во Атина се подготвува ново кастрење за уште 800 вработени. Весникот Катимерини претпоставува дека тоа ќе се случи со ново кратење на работни места во државните органи кои или ќе се затворатили ќе се намалат. 17 организации ќе се затворат, а 53 ќе се претопат во рамки на владините планови.

Всушност станува збор за над 1300 државни службеници од кои 800 ќе останат без работа, а другите ќе бидат префрлени.

Договорот со европската тројка на Атина предвидува до крајот на годината да скрати 4 илјади државни службеници и 15 илјади до крајот на следната година.

Владата неочекувано, на 12 јуни, соопшти дека го затвора јавниот сервис и дека ќе создаде нова компанија со помалку персонал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top