| четврток, 6 декември 2018 |

Концертот на „Џипси кингс“ на 22 декември ќе ја збогати предновогодишната атмосфера во Скопје

На 22 декември во Скопје новогодишен концерт ќе одржи една од најуспешните светски  атракции „Џипси кингс“ (GIPSY KINGS). Актуелната формација на бендот, предводена од Пако и Михаел Балијардо (Paco & Mickael Baliardo) доаѓаат во Скопје со „Greatest hits“ сет, директно да ја збогатат предновогодишната атмосфера во Скопје.

Бендот стана планетарно популарен со заводливо мешање на традиционалниот фламенко стил со поп и латино ритам. Публика ќе ужива во најголемите хитови како: „Volare“, „Bamboleo“, „Baila me“ и уште многу други хитови.

Во текот на речиси три децениската кариера, „Џипси кингс“ (GIPSY KINGS) имаше неколку светски турнеи и продадоа над 25 милиони албуми. Еден од родоначалниците на денешниот стил на оваа група, Манитас де Плата (Manitas de Plata), чие вистинско име е Рикардо Балиардо (Ricardo Baliardo) е меѓу најголемите гитаристи на сите времиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top