| четврток, 6 декември 2018 |

Се тресеше тлото во регионот – дури три земјотреси ја погодија Босна

Во растојание од само 12 минути, од 00:46 – 00:58 часот, Босна и Херцеговина ја погодија три земјотреси.

Во сите три случаи тресењето траело неколку минути, а според информациите на босанските медиуми не се забележани материјални штети, освен вознемиреност на жителите.

Епицентарот на првиот потрес бил во околината на Прозор со јачина од 4,5 степени според Рихтерова скала. Вториот бил со јачина од 4,7 степени, додека третиот бил 4,3 степени според Рихтерова скала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top