| четврток, 6 декември 2018 |

Поради голем интерес: Во МОБ е закажана втора изведба на балетот на мраз „Оревокршачка”

Поради огромниот интерес за претставата „Оревокршачка” на мраз, која ќе се одржи на четврти декември 2017 година со почеток во 20 часот, организаторите, „Прагма Продукција“, се одлучија и за втора претстава, која ќе се одржи исто на 4. декември, но со почеток во 22 часот во Македонската опера и балет.

Македонската јавност има ретка можност да го види балетскиот спектакл, претставата „Оревокршачка” на мраз, во изведба на државниот балет на мраз од Санкт Петербург, Русија.

Спојот на балетската уметност и најелегантниот спорт – уметничкото лизгање е програмската цел на Државниот Балет на Мраз од Санкт Петербург, Русија, кој е основан во 1967 година од страна на истакнатиот балетски кореограф Константин Бојарски. Музички директор и коосновач на оваа балетска куќа е Лео Коркин – познат руски диригент.

Балетот на својот репертоар ги има познатите балети на Петар И. Чајковски – „Заспаната убавица“, „Лебедово езеро“ и „Оревокршачка“, како и балетите „Ромео и Јулија“ и „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top