| четврток, 6 декември 2018 |

Денес и утре за децата „Оревокршачка“ во МОБ

orevokrsacka

На Големата сцена во Македонската опера и балет (МОБ) денеска напладне ќе биде изведена балетската претстава  за деца „Оревокршачка“.

Авторот на оваа бајка, Т.А.Хофман, дејството го поврзал со празнувањето на големите празници. Врз основа на бајката, Мариус Петипа го пишува либретото, а музиката ја компонирал Петар Илич Чајковски.

„Оревокршачка“ е едно од најпопуларните и најизведувани дела на сите светски сцени.

Претсватата ќе биде одиграна во МОБ и утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top