| четврток, 6 декември 2018 |

Хил и Бусек разочарани од односот кон Македонија

Ерхард Бусек и Кристофер Хил, првиот поранешен координатор на Пактот за стабилност, а вториот американски дипломат и амбасадор , се разочарани од неправедниот однос на меѓународната заедница кон Македонија кога се во прашање интеграциите.

бусек– Штета е што работите не се движат напред. Јас сум екстремно критичен по ова прашање, особено кон членките на ЕУ кои треба да направат притисок кон партнерите внатре, особено кон Грција, за работите да тргнат . Сегашната состојба не е фер кон Македонија која е значајна не само како место на картата, посочи Бусек од Охрид.

И поранешниот американски амбасадор во Македонија, Хил вели дека е фрустриран од бавните евроинтеграции.

хил-Како и многумина и јас сум фрустриран од бавното темпо на евроинтеграциите на Македонија. Се надевам дека Македонија ќе забрза на патот кон ЕУ и НАТО и дека ќе има нови напори во таа насока и попрактичен пристап коностварување на оваа цел, додава Хил.

Според него, и нтеграцијата е важна бидејќи фрустрациите кои постојат кај граѓаните можат да се продлабочат во негативни чувства кон евроатлантските интеграции.

Двајцата, и Бусек и хил се дел од ротари конференцијата „иднина на регионот, на која учествуваат околу 250 членови на Ротари од регионот и од светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top